Шкендија е на мака, како без капитенот Бејтулаи против Вардар?

Можеби Вардар оваа сезона не е во најдобриот елемент, но дуелите со Шкендија секогаш имаат посебно значење. Тетовскиот тим утре (14.30 часот) гостува на арената „Тодор Проески“, а тренерот Ернест Ѓока има една голема мака. Како да ја пополни одбраната без капитенот Егзон Бејтулаи. Тој се повреди за време на репрезентативната акција и многу ќе недостасува. 

Бејтулаи заработи повреда на главата на полуфиналниот плејоф меч против Косово, а лекарскиот тим процени дека ќе бидат потребни дваесетина дена за да се врати во натпреварувачки ритам. 

Дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски за мечот со Грузија добија и Љупчо Дориев и Енур Тотре, а Леард Садриу беше дел од младата фудбалска селекција на Косово до 21 година.