Наумов: Сакаме победа против Победа

Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов најавува дека штипскиот второлигаш ќе атакува на триумф на гостуваењето кај Победа во Прилеп.   

„Нормално, посакуваме да продолжиме со позитивната серија. И за натпреварот со Победа се подготвуваме максимално сериозно. Постојано нагласувам дека оваа сезона секој еден натпревар за нас е како финале кон остварување на конечната цел. Целосно го респектираме тимот на Победа, но во Прилеп секако одиме на победа“ - вели Наумов за официјалниот сајт на Брегалница.

Јосип Бартон од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот кој се игра утре со почеток од 14:30 часот во Прилеп, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски од Тетово и Горан Милошевски од Скопје.