Стефан Ристовски останува во Спортинг Лисабон, ги одби понудите од Русија

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски дефинитивно ги одби понудите од Русија и одлучи да остане во Спортинг Лисабон. Иако тренерот Рубен Аморим го стави на трансфер - листа, сепак, заменик капитенот на нашиот национален тим се заблагодари на понудата на Динамо Москва и сака да се бори за место во составот на Спортинг Лисабон. 

Португалскиот клуб одреди отштета од 3 милиони евра за продажба на Стефан Ристивски, за него постоеше интерес и од шпанскиот Валјадолид, како и од италијанскиот калчолигаш Сасуоло, но по се изгледа дека Ристовски ќе остане во Португалија најмалку уште шест месеци.