Осијек го позајми Тодороски во Шибеник

Младинскиот фудбалски репрезентативец Тодор Тодороски кој е член на Осијек, заминува на позајмица во друг хрватски прволигаш, Шибеник. По репрезентативните обврски со националниот тим на Македонија до 21 година, Тодороски се врати во Хрватска и во финишот на преодниот рок се согласи да замине на шестмесечна позајмица во Шибеник. 

За него е најдобро да биде во натпреварувачки ритам, а во Осијек конкуренцијата е силна. Токму затоа клубот и фудбалерот одлучиле дека за Тодор Тодороски најдобро во моментот е да замине на позајмица во Шибеник. Според клазулата во договорот, тој ќе има право да настапува и на натпреварите што Шибеник ќе ги игра против Осијек.