Вајс: Не сум среќен со ремито, немаше пенал, а Пандев е неверојатен играч

Македонија и Грузија ремизираа и вторпат (1-1) овојпат во Скопје, а селекторот на противничката селекција Владимир Вајс не е задоволен со овој резултат. Јасно е, Грузијците беа блиску до победа, а Вајс вели дека и немало пенал во судиското продолжение. 

„Не можам да биде среќен, Македонија беше со 10 играчи и постигна гол, не би коментирал, но  немаше фаул, немаше пенал. Сепак, ние погрешивме што не ги искористивме шансите за втор гол. Не знам што ќе биде по еден месец. Се е отворено, шансите се 50-50, ќе видиме дали ќе има публика, ние играме на домашен терен. 11 против 11 се на теренот. Знам дека вечерва се победивме сами во последните минути“, изјави Владимир Вајс.

Тој упати пофални зборови за капитенот на македонскиот национален тим. 

„Морам да кажам дека Пандев е фантастичен играч, импресионирам сум. Во негови години тој е неверојатен играч. Многу е важен за Македонија“, потенцираше селекторот на Грузија.