Гоце Седлоски поради коронавирусот го напушти Динамо Загреб

Македонскиот фудбалски стратег Гоце Седлоски заминува од Динамо Загреб, потврди клубот од „Максимир“. Тој беше тренер на вториот тим на „мордите“, а сега ќе бара нов предизвик.

Седлоски од пред два дена е позитивен Covid-19, a дури четири пати бил во самоизолација во изминатиот период. Поради сето ова, раководството на Динамо Загреб и Гоце Седлоски решиле дека спогодбениот раскин на договорот е најдоброто решение во овој момент.