Атанасов: Многу ни е жал, правевме недозволени грешки

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше 1-1 против Израел и загуби најголем дел од шансите за да избори пласман на ЕП. Јани Атанасов спаси пораз за надежите со гол од слободен удар во 94.минута од мечот.    

Многу ни е жал. Особено на селекторот му е жал, затоа што ни ги постави задачите како што треба. Во одреден период од мечот игравме добро, но во одреден период правевме грешки што не се дозволени. Извлековме еден бод, мојот гол е најмалку важен, но спречивме пораз. Сега одиме во Израел да извлечеме најмногу бодови што можеме“, изјави Јани Атанасов, стрелецот на голот против Израел.      

Фото: ФФМ - Петр Стојановски