Како У-21 репрезентацијата може да стигне до ЕП?

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (14.30 часот) го пречекува Израел во Скопје и со триумф ќе ги продолжи надежите за пласман на Европското првенство. Македонија во моментот е второпласирана, но последнорангирана меѓу второпласираните селекции од сите групи.


Поради ситуацијата со Covid-19, УЕФА направи измени во натпреварувањето, па овојпат нема да има баражи, туку најдобрите пет второпласирани селекции од сите групи ќе им се придружат на деветте првопласирани и ќе изборат пласман на Европското првенство.

КАКО СЕ ОДРЕДУВА ПЛАСМАНОТ

Во групите каде има по пет репрезентации се сметаат сите резултати, додека во групите со по шест селекции (како што е случајот со Македонија) се бришат резултатите со последнопласираниот во групата. Ова значи дека на Македонија нема да и се сметаат двете победи против Фарски Острови (7-1 дома и 1-2 на гости). 

Токму следните три натпревари, директните пресметки со Израел дома (денеска) и на гости, како и мечот со Црна Гора, ќе ги разрешат дилемите дали Македонија може до ЕП. Ќе мора да се победат сите натпревари, а и тогаш младите фудбалски репрезентативци ќе зависат од резултатите во останатите групи.

Во моментот, ситуацијата на рангирањето на второпласираните селекции изгледа вака...