ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Гостивар победи во Кичево, Скопје испушти победа против Велешта во 90. минута

Гостивар го запоседна врвот во Втората лига - Запад по гостинската победа во 7. коло против Велазерими во Кичево. Велешта, пак, продолжува со позитивниот ритам ремизирајќи на гостувањето во Автокоманда.

Велешта успеа да се извлече од пораз на гостувањето против Скопје во 90. минута со голот на Самед Кадриоски во 90. минута. Претходно Дино Најдоски во 11. минута донесе предност до 1-0 за домашните.

Гостивар со голот на Ардит Зеќири во 66. минута триумфираше на гостувањето против Велазерими во Кичево со 0-1.

Со погодокот на Шпенд Асани во 45. минута, Вардар Форино поведе со 1-0 против Лабуништа. Потоа стрелаа и Емир Алиу кој постигна хет трик и Мухамед Бекири. Кадино го победи Охрид со 1-0 со голот на Кристијан Ивановски.

ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД (7. коло)

Скопје - Велешта 1-1

Кадино - Охрид 1-0

Дрита - Кораби 1-1

Велазерими - Гостивар 0-1

Вардар Форино - Лабуништа 5-0