Агим Ибраими големо засилување за Кукс

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими повторно е во фокусот на вниманието. Овојпат ја „запали“ Албанија со потписот за Кукс. Тој во наредните две сезони ќе го носи дресот на Кукс. Спортски директор на клубот е Ндерим Неџипи кој помогна при реализацијата на овој трансфер.

Искуството на Агим Ибраими треба да му помогне на Кукс да ги оствари амбициите во новата сезона од албанскиот шампионат. Ибраими ова лето се раздели со Шкендија, а во богатата кариера настапуваше за Марибор, Калјари, Олимпија, Нафта, Домжале, Ескишехиспор, Астана, како и во младинскиот тим на Салцбург.