Работнички и Македонија ЃП се спасија на пенали, Борец не...Победи за Шкупи, Силекс, Пелистер...

Шкупи имаше тешко гостување кај амбициозниот тим на Слога Виница во Купот на Македонија, но успеа да слави со 1-2 и да се пласира во осминафиналето. Дембо Дарбо и Фреди Алварез во првиот дел беа стрелци на головите за прволигашот од Чаир, а домаќинот во вториот дел само ја намали негативата. Саса Каменица на пенали го елиминира прволигашот Борец. Регуларниот тек заврши 2-2, а домаќинот по изведувањето пенали беше поуспешен и славеше со 3-1.

Македонија ЃП исто така на пенали ја елиминира Победа (5-4) откако мечот заврши без голови. Работнички успеа на пенали (3-4) во шест серии да биде подобар од Велазерими, откако немаше голови во текот на средбата.

Пелистер со 4-0 го победи Љуботен, а сите голови беа постигнати во второто полувреме. Хот го отвори резултатот, Маневски зголеми на 2-0, а потоа двапати стрелаше и Фазлиу. Еден гол помалку постигна Силекс, но исто така убедливо, со 3-0, се пласира во осминафиналето. Ренова беше убедлива на гости против Охрид и победи со 0-4.

Гостивар беше убедлив и на домашен терен го совлада Тиквеш со 5-0. Беласица конечно „проработе“ во Купот и победи со 1-5 против Росоман.

Резултати Куп на Македонија, 1/16 - финале

Гостивар - Тиквеш 5-0, Македонија ЃП - Победа 0-0 5-4, на пенали), Охрид - Ренова 0-4, Пелистер - Љуботен 4-0, Росоман - Беласица 1-5, Саса Каменица - Борец 2-2 (3-1, на пенали), Силекс - Тетекс 3-0, Слога Виница - Шкупи 1-2, Велешта - Кожув 1-2, Велазерими - Работнички 0-0 (3-4 на пенали)

Кит Го - ФК Скопје играат од 18 ч.