Руфати од Истра се сели во украинска Зорја

Младинскиот репрезентативец Агрон Руфати својата кариера ја продолжува во украинскиот прволигаш Зорја Луганск.

Од хрватска Истра информираат дека постигнале согласност за преселба на Руфати во редовите на Зорја. Македонскиот репрезентативец со Украинците потпиша тригодишен договор.

Изминативе две сезони 20-годишниот Руфати одигра 28 натпревари за Истра.