Познати противниците на македонската футсал селекција за пласман на ЕП 2022..., ако прво ја мине Англија

Македонската репрезентација во футсал ќе биде дел од квалификациската група 4 за Европското првенство во 2022 година, ако успее да ја елиминира Англија во претквалификацискиот меч кој е закажан за ноември.

Евентуални противници на Македонија во квалификациите кои ќе се играат од 6 декември до 14 април идната година се селекциите на Србија, Босна и Херцеговина и на Романија.