Извлечени двојките за Вторите лиги: Брегалница на гости кај Саса, Гостивар го пречекува Охрид

Брегалница ќе патува во Македонска Каменица, а Тиквеш во Радовиш во првото коло од новата сезона во Втората лига Исток. Кај „западњаците“, Гостивар ќе го пречека Охрид, а Скопје исто така ќе биде домаќин на Влазрими 77. И повратникот Тетекс ќе игра на домашен терен на стартот, против Кораби. 

Сезоната во двете втори лиги стартува на 22.08.2020 година (сабота), со почеток во 17 часот.      



ВТОРА ЛИГА ИСТОК - Прво коло (22.08.2020)
Победа - Кит Го
Росоман - Слога Виница
Каменица Саса - Брегалница
Плачковица - Тиквеш
Кожуф - Осогово



ВТОРА ЛИГА ЗАПАД - Прво коло (22.08.2020)
Гостивар - Охрид
Дрита - Вардари
Скопје - Влазрими 77
Велешта - Кадино
Тетекс - Кораби