Дориев: Шкендија ќе игра уште подобро, верувам во успех против Сумгај

Љупче Дориев е оптимист дека Шкендија ќе успее да го мине Сумгај во првата квалификациска рунда за Лигата на Европа, но предупредува дека клубот од Азербејџан дефинитивно не е наивен противник.

„Во европските натпреварувања нема лесни ривали, Сумгај сигурно не е наивна екипа. Не се сомневам дека поседуваат добар квалитет, годинава се игра само еден меч во Европа и ние ќе бидеме гости, но верувам дека можеме да одиграме добар натпревар и да се пласираме во следната рунда“, вели Дориев.

Tој се осврна и на дебито со гол и асистенција против Шкупи, не криејќи дека жали што Шкендија во второто полувреме не направи целосен резултатски пресврт.
 
Без размислување би ги менувал голот и асистенцијата за трите бода против Шкупи. Ако се земе во предвид првото полувреме ремито не е лош резултат, но реално гледано бевме блиску до целосен пресврт и мислам дека заслуживме победа. Секако дека личниот ефект мотивира, ова ми беше прв меч во дресот на Шкендија и очекувам во иднина да играме уште подобро“, истакна Дориев.


 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Борец и Работнички ремизираа без голови
26.09.2020
Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Види детали