Шкупи со ново засилување - се најавува атак на титулата

Шкупи продолжува со ангажман на интернационални засилувања откако денеска потпиша договор и со фудбалер од Азербејџан. 27-Годишниот Елвин Јунушада е нов член на прволигашот од Чаир, откако овој дефанзивец по настапите за Нефчи, Карабах, Сабаил и за Сабах ја прифати понудата за преселба во Македонија.

Среќен сум што се договорив за соработка со Шкупи, особено откако на вчерашниот дуел со Шкендија видов дека овој тим го краси одлична атмосфера во екипата. Имам само пофални зборови и за тренерот, кој има одличен карактер и знае како да извлече максимум од фудбалерите. Мислам дека сите заедно со напорна работа можеме да бидеме кандидати за титулата“, изјави Јунушада по потписот на договорот.

Шкупи во првото овосезонско коло ремизираше со Шкендија, 2-2, во меч во кој скопскиот прволигаш на полувреме имаше предност од 2-0.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Борец и Работнички ремизираа без голови
26.09.2020
Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Види детали