Лига Европа: Шкендија и Шкупи против азербејџанските Сумгајт и Нефчи, а Ренова со ерменски Алашкерт

Азербејџан како дестинација е судена за македонските екипи во европските натпреварувања ова лето. По Силекс, кој ќе се соочи со Карабах во квалификациите за ЛШ, и Шкендија и Шкупи ќе мора да патуваат во Азербејџан, додека Ренова патува во Ерменија.

Шкендија на стартот од квалификациите за ЛЕ, како носител, ќе се соочи со азербејџанскиот Сумгајт, додека Шкупи ќе игра со Нефчи. Тимот од Чаир ќе треба да гостува во Азербејџан, доколку УЕФА не одлучи натпреварите да се играат на неутрален терен.

Ренова, пак, ќе го гостува на Алашкерт во Ерменија. Сите натпревари ќе се играат на 27. август.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Борец и Работнички ремизираа без голови
26.09.2020
Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Види детали