ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Брегалница и Гостивар ремизираа без голови, Тиквеш победи а Тетекс загуби од Вардар Форино

Тиквеш ја победи Плачковица со 2-0 (0-0) на пријателскиот натпревар пред стартот на новата сезона во Втората лига - Исток.

Стрелци за триумф на Тиквеш беа Благоја Љамчевски во 56. минута и Симеон Христов во 66. минута од натпреварот.

Брегалница и Гостивар, во цврст израмнет дуел, одиграа без голови.

Тетекс, пак, во првиот подготвителен натпревар загуби со 2-4 од Вардар Форино. Тетекс по првото полувреме имаше предност од 1-0 со голот на Марјан Билбилоски, но противникот во вториот дел стигна до пресврт-победа.