Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар

Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.

Радовиќ пред истекот на првото полувреме имаше нова одлична шанса да го удвои водството, а неколку можности пропушти и Никола Прелчец.

Најсериозната закана на Вардар кон голот на Борец беше во 56.минута кога Дарко Мицевски од слободен удар шутираше силно, под гредата, но Мустафа успеа да одбрани и да исфрли во корнер. 
 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Борец и Работнички ремизираа без голови
26.09.2020
Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Види детали