Милан Томиќ - ново засилување на Академија Пандев

Милан Томиќ е најново име во таборот на Академија Пандев откако српскиот интернационалец денеска потпиша двогодишен договор со струмичкиот прволигаш.

Томиќ е играч за врска кој пристигнува од редовите на Црвена Звезда, 20-годишниот плејмејкер ги има минато сите младински категории на српскиот гигант, а во сениорска конкуренција досега беше испраќан на позајмици во екипите на Графичар и на Звездара.

„Пандевци“ претходно се засилија со младиот Бојан Димоски од Вардар, како и со 20-годишниот дефанзивец Никола Серафимов.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали