Волфсбург сака да го купи Стефан Ристовски, Спортинг Лисабон бара 4 милиони евра отштета

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски би можел од следната сезона да се пресели во Бундес-лигата. За него е заинтересиран германскиот бундеслигаш Волфсбург. Раководството на овој клуб отпочнало преговори за ангажман на Ристовски, а Спортинг Лисабон за него одреди отштета од 4 милиони евра. 

Стефан Ристовски има актуелен договор со Спортинг Лисабон до јуни 2022 година, но и клаузула за продолжување на соработката за нови две сезони доколку и двете страни се задоволни од претходната активност.

Ристовски дојде во Спортинг Лисабон во 2017 година како позајмен играч од хрватскиот клуб Ријека, а потоа португалскиот гигант и комплетно го откупи неговиот договор. 




      

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали