Вардар, конечно, ги почна подготовките: Со четири нови имиња Васоски во обид да формира конкурентен тим (ФОТО)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, конечно, на само десет дена пред почетокот на првенството ги стартуваше подготовките за новата сезона 2020/21 во Првата македонска фудбалска лига. По многу неизвесност и дилеми, сепак, „црвено-црните“ во базата во Хиподром го одржаа првиот тренинг. 

Со две години апстиненција од европските купови поради кршење на финансискиот фер-плеј на УЕФА, огромни долгови од спонзорот Сергеј Самсоненко, кој во меѓувреме се повлече, и раководството, тренерот Александар Васоски во базата во Хиподром ги преброи фудбалерите.  Неколкумина од најдобрите од минатата сезона веќе не се дел од составот, а има и четири нови имиња Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велковски, и најверојатно Бојан Најденов… Тие треба да бидат замени за оние кои заминаа, ги нема веќе странците Реис Жуниор и Евгениj Новак, нема уште неколку млади таленти Ибиши, Младеновски, Али Адем..., замина капитенот Филип Гачевски, како и репрезентативецот Кристијан Тошевски. На денешниот прв собир присутни, сепак, беа Мицевски, Најдовски, Попзлатанов, Цветаноски…


Вардарци ќе имаат само десетина денови за подготовки пред пролетниот старт и првиот меч против Борец на арената „Тоше Проески“ на 9.август, на премиерата од новиот шампионат. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали