Голем проблем за Борец пред стартот на сезоната

Тренерот на Борец Велес, Горазд Михајлов, има огромни главоболки на десетина дена до стартот на новата прволигашка сезона, по повредата што ја заработи хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ. Од овој фудбалер се очекуваше да биде „командант“ на одбраната на велешани, но повредата што ја заработи неодамна се покажа крајно сериозна, па врз Хрватот мораше да биде извршена и операција за да се санира проблемот со тетивата.

„Голем хендикеп и несреќа за нашиот клуб во последната фаза од припремниот дел. Хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ заработи повреда која за жал не е наивна и мораше веднаш да се интервенира со операција на десната нога (мала руптура на ахилова тетива). Операцијата помина одлично и нашиот фудбалер се чуствува одлично. Му посакуваме успешно опоравување и што побрзо враќање на терен. Глава горе Мажиште“, - објави ФК Борец.

Борец Велес на стартот од новата сезона на 9 август ќе му гостува на тимот на Вардар.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали