Официјално: Тричко во АЕК Ларнака до 2022 година

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжува престојот во кипарскиот шампионат откако денеска и официјално потпиша нов договор со тимот на АЕК Ларнака. Искусниот голгетер во последните сезони се наметна како лидер на оваа екипа, по што управата инсистираше на негово останување и во наредните две сезони.

„АЕК Ларнака има чест и задоволство да објави дека нашиот лидер Иван Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони“, стои на официјалната страна на кипарскиот клуб. 

Тричковски пристигна во АЕК Ларнака пред четири и пол години. Во овој период тој забележа 163 настапи за клубот од Ларнака на кои постигна  67 гола во лигата, 10 во купот и 20 во Европа со што е прв стрелец во историјата на клубот во европските натпреварувања.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали