Брегалница се засили со Шопоски од Пелистер

Досегашниот фудбалер на Пелистер, Сашо Шопоски е ново засилување на Брегалница за престојната натпреварувачка сезона во Втората лига - Исток.

23-годишниот Шопоски кој игра во средниот ред, досега во својата кариера има настапи за Металург, Тиквеш и прилепска Победа од каде минатата сезона се пресели во Пелистер.

Нови имиња во редовите на штипјани од претходно се и голманот Илче Петровски, офанзивецот од Плачковица, Андреј Кудијан, стоперот од Скопје, Антонио Митрев, како и досегашните десен бек на Кит Го, Бојан Георгиевски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали