Пелистер го претстави Алдаир Нето

Новиот македонски прволигаш Пелистер го ангажира напаѓачот Алдаир Нето, кој ова лето ја раскина соработката со Шкендија. Тој не успеа да се наметне во Тетово, одигра само два меча во дресот на Шкендија, а раководството на Пелистер смета дека сепак може да биде од корист при камбекот на „зелените“ во елитата.

Португалскиот фудбалер треба да ја засили навалната линија на Пелистер каде се уште и искусниот Борче Маневски и новото засилување Анес Хот. Алдаир Нето денеска и дебитираше за Пелистер на пријателскиот меч против Охрид.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали