Радески официјално промовиран во Академија Пандев (ФОТО)

Академија Пандев и официјално го промовираше Марјан Радески, најголемото засилување за новата натпреварувачка сезона.

25-годишниот македонски репрезентативец денеска потпиша договор со струмичани, веднаш приклучувајќи се на подготовките за новата сезона.

„Еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига кој подеднакво добро игра и на крилните позиции доаѓа како големо засилување за нашиот тим“ - информираа од Академија Пандев по потпишувањето на договорот со довчерашниот фудбалер на Шкендија.

Радески претходно во кариерата има настапувано и за екипите на Металург и 11 Октомври од Прилеп.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали