Ковид-19 и натаму во македонскиот фудбал: Дури 13 фудбалери позитивни, откажани баражите за пополнување на ВМФЛ-Запад

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ - Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус на Ковид-19 потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на коронавирусот. Чаклани и Фортуна утре во Тетово требаше да го играат првиот бараж дуел.

Според пропозициите за натпреварување, сега ждрепката ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ - Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига - Исток.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали