Пандев со осми гол за Џенова сезонава, за реми во македонската пресметка со Удинезе... (ВИДЕО)

Илија Несторовски со Удинезе и Горан Пандев со Џенова одиграа без победник во 30. коло од Серија А. Џенова и покрај тоа што имаше негатива од два гола успеа да стигне до 2-2 во самиот финиш откако во игра влезе капитенот на македонската репрезентација го беше стрелец на првиот гол за џеновјаните.

Удинезе поведе со голот на Фофана во 44. минута, а Ласања во 73. минута зголеми на 2-0. Горан Пандев во 81. минута со својот осми гол сезонава во Серија А, намали на 2-1...

Во 97. минута, Пинамонти ги постави конечните 2-2, откако најпрво не реализираше удар од белата точка но натрча на одбиената топка и стрелаше за бод на својот тим.

Несторовски и Пандев немаа директен „судир“ на теренот со оглед на тоа што Нестор-гол играше од првата минута па се до 58. минута од средбата, кога беше заменет, а Пандев во игра кај Џенова влезе во 59. минута.

Аталанта, пак, сигурно си обезбедува место во Лигата на шампионите следната сезона откако славеше со 0-1 на гостувањето против Каљари. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Муриел од пенал во 17. минута.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали