Мурати и Нафиу потпишаа нови договори со Шкендија

Уште двајца фудбалери на Шкендија се согласија да останат во тетовскиот клуб откако Мевљан Мурати и Валмир Нафиу денеска потпишаа нови договори со „црвено-црните“.

„Претходниот договор ми истекуваше летово, но во ниту еден момент не се сомневав дали ќе останам во клубот. Верувам дека Шкендија ќе бележи нови успеси во наредниот период“, изјави Мурати по потписот на новиот договор, со важност до 2023 година.

Нафиу, кој беше дел од младинската школа на Шкендија, потпиша нов едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

„Им благодарам на челниците за довербата што ми ја укажаа, ќе сторам се за да ја оправдам со добри игри во иднина. Оптимист сум дека пред нас е успешен период“, истакна Нафиу.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали