Нов термин: Битката Македонија - Косово закажана за 8 октомври

Одложениот бараж-натпревар од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово доби нов термин, откако УЕФА денеска реши да ги закаже сите полуфинални пресметки од ова натпреварување за 8 октомври. 

Извршниот Комитет на УЕФА одржа состанок на кој беа утврдени термините за сите одложени натпреварувања од месец март и во текот на летото. Според европската куќа на фудбалот, 8 октомври е идеален термин бидејќи селекциите во септември ќе имаат можност да влезат во ритам со премиерните натпревари од новото издание на Лигата на Нации.

Доколку Македонија слави на дуелот со Косово во Скопје, во големото финале кое ќе значи и директна битка за билет за ЕП ќе гостува на Грузија или на Белорусија, меч што ќе се игра на 12 ноември.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали