Кире Маркоски потпиша за Карвина

Кире Маркоски е нов член на чешкиот прволигаш Карвина. ​Повремениот македонски репрезентативец потпиша едногодишен договор со клубот, со опција за продолжување на соработката доколку се задоволни и двете страни. 

„Карвина е многу добро организиран клуб со извонредна инфаструктура и фантастичен стадион. Ми се допаѓа тука. Чешкото првенство е квалитетно и претставува предизвик за секој фудбалер, за мене да достигнам едно повисоко ниво. Мислам дека го направив вистинскиот избор и гледам позитивно напред“, изјави Кире Маркоски по потписот за Карвина.

Чешкиот клуб го најави Кире Маркоски како значајно засилување.     

„Кире е интересен фудбалер кој може да придонесе многу на двете страни од теренот. Нашиот стил на игра би требало да му лежи. Верувам дека ќе биде значајно засилување за нас“, изјави Лубомир Влк, спортскиот директор на Карвина. 




 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали