Комити: Вардар ги надживеал сите што му предвидувале пропаст

Навивачката група „Комити“ со уште едно соопштение до јавноста побара што поскоро да се најде начин за Вардар да добие евро-лиценца, со што младиот тим кој има убедлива предност на врвот на табелата за награда би добил учество во квалификациите за Лигата на Шампионите. Досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко го остава клубот во огромни долгови, а Град Скопје ќе мора експресно да реагира за да најде решение, во спротивно Вардар втора година по ред нема да се најде во европските купови.

Тешки денови доаѓале и поминувале.
Најлошото го надминувавме, излегувавме како победници, но во суштина и не постои сценарио со кое ние би изгубиле. Дали може да да биде победено или уништено нешто што трае вечно? Низ призма на времето, Вардар ги надживеал сите кои му предвидувале или посакувале пропаст или успеси. Вардар бил тука и пред да бидеме родени, Вардар ќе остане и откако ќе заминеме од овој свет.
Љубовта кон клубот секогаш останува, и се пренесува од татко на син, од колено на колено.
Се менувале низ историјата многу управители. Акционерски друштва, Фирми, Бизнисмени, Колективни членови, Градски татковци, се од почетокот...
Вардар е основан од Собранието на Град Скопје, повеќе од две третини од својот животен век од 1947-ма па наваму е под патронат на својот татко основач - Град Скопје и Јавното Претпријатие за Стопанисување со Станбен и Деловен Простор - "ПУИГ".
Од денес официјално и Вардар се раздели со својот досегашен времен Управител и концесионер - Сергеј Самсоненко.
Му Благодариме за се што направи за Вардар, можеби нашите патишта повторно ќе се вкрстат во иднина !
Денес и официјално формално правно Фудбалскиот Клуб Вардар е вратен, пред истекот на концесијата, кој своите основачи и сопственици Градот Скопје и "ПУИГ".
Многу градски татковци досега биле горди што на своите плеќи ја носеле одговорноста да бидат предводници на Симболот на Градот, љубовта на Скопје и Македонија - ФК Вардар !
Успесите од своето владеење ги врзувале со успехот на настапите на своето чедо - ФК Вардар.
Вардар е над сите партии, Вардар е најголемата спортска институција и големина која го надминува надалеку спортот, допира до Македонскиот идентитет.
Не знаеме дали кај Градските власти и ПУИГ, постои желба и волја да го превземат клубот, трајно или времено до пронаоање на нов финансиер и времен сопственик и управител, но тоа е обврска и нужност, а се надеваме и љубов и страст, затоа што Вардар е Скопје, Вардар е и Македонија !
Во меѓувреме упатуваме Апел до досегашните и старо-новите управители, итно да изнајдат взаемно прифатливо решение, на бенефит на сите страни а пред се на навивачите на Вардар, граѓаните на Скопје и народот, за Вардар да го фати последниот воз за Европа преку обезбедувањето на лиценца !
Играчите и стручниот штаб пред и над се, со својата несебична пожтвуваност и однос кон клубот, не задолжуваат да реагираме час поскоро, да не чекаме, затоа што секој час и минута значат !
Ја информираме цела Црвено Црна Армија да се мобилизира, наскоро ќе организираме голем Марш За ВАРДАР низ улиците на Скопје !
За времето и агендата ќе бидеме благовремено информирани.
За Вардар нема компромис !
Еден живот, една љубов !

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали