Второлигашите го кренаа гласот - бараат помош од Владата

Влошената состојба на економски план не само во мак-фудбалот, туку и целокупно во државата, ги натера фудбалските второлигаши да го кренат гласот и да достават барање за помош до Владата. Фудбалската сезона е во прекин и се уште нема најава кога натпреварувањето би можело да продолжи, а второлигашите се жалат дека без државна помош тешко дека ќе успеат да ја завршат годинава.

На иницијативата се потпишани десетте екипи од Втората лига - исток, како и седум екипи од Втората лига - запад.

„Фудбалските клубови се на аматерска основа и не остваруваме никакви приходи по ниту еден основ, единствен приход се донации, кои сега се поврзани со добивањето на ваучер и спонзорства, кои од воведувањето на ваучерите се нула. Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубот“, се вели во соопштението на фудбалските второлигаши.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали