Националниот тим ќе донира во борбата против коронавирусот

Фудбалската репрезентација на Македонија е првиот спортски колектив од државата кој одлучи да даде финансиска донација во фондот за помош од коронавирусот. Во овие тешки мигови, фудбалерите и стручниот штаб се очекува да соберат околу 40.000 евра и да ги уплатат на жиро-сметката на Фондот за борба со Covid-19.

Фудбалската репрезентација на Македонија на 4.јуни треба да го пречека Косово во полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нации. Овој меч требаше да биде одигран на 26.март, но пандемијата на коронавирусот во целиот свет ја примора УЕФА да го помести терминот на одигрување.


 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Официјално: Првата лига ќе заврши со плеј-оф и плеј-аут, ПМФЛ следната сезона со 12 екипи
29.05.2020
​Согласно очекуваното, Управниот одбор на ФФМ денеска и официјално донесе одлука за продолжување на сезоната во ПМФЛ согласно форматот за кој се изјаснаа мнозинството прволигаши, со плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање.
Види детали