ФФМ донира три амбулантни возила за клиниката „Св.Наум Охридски“ во Скопје

Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја вo предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред се нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

„Ова време сите нас не потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба. Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција. Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба. Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар“ - истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Директорот на клиниката за за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков изрази голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, напоменувајќи дека примерот треба да го следат и останатите институции и компании сѐ со цел да ги поддржиме луѓето и здравствените работници во овие тешки времиња.

„Изразувам благодарност до ФФМ и претседателот Сејдини, неизмерно ни е важно што во овие моменти на ваков начин ја изразуваат својата поддршка и помош за здравствените институции и луѓето на кои помошта им е неопходна. Искрено се надевам дека и други институции и компании ќе го следат примерот и ќе бидат поддршка за сите нас. Истовремено, ова е уште една прилика да потсетиме и да ги повикаме сите граѓани и организации на максимална одговорност, сериозност и почитување на сите мерки кои ги пропишуваат надлежните државни институции“ - истакна Директорот на клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали