И ФК Брегалница повикува: „Останете дома! Здравјето е заедничка одговорност!“

ФК Брегалница, како клуб со општествена одговорност, максимално ги почитува препораките од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот.

Токму во таа насока, и фудбалерите на Брегалница се вклучуваат во кампањата за подигнување на свесност кај граѓаните да останат во домашен амбиент во една кризна ситуација во државата.

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност. Заедно да го победиме коронавирусот“ - порачуваат фудбалерите на Брегалница.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали