Ботошани го промовираше Давид Бабунски

Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски, кој беше член и на „златната младинска генерација“ на Боби Милевски која играше на ЕП до 21 година во Полска, потпиша договор со романскиот клуб Ботошани. Тој по јапонската авантура каде настапуваше за второлигашот Омија и за Јокохама Маринос, се враќа на Стариот континент. 

Бабунски претходно беше член и на Црвена Звезда, а ги мина младинските категории на Барселона.

Давид Бабунски во Ботошани ќе му се придружи на Стефан Ашковски, кој сезонава има постигнато пет гола за романскиот клуб кој е третопласиран на табелата, зад Клуж и зад Крајова. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали