ВТОРА ЛИГА - ИСТОК: Беласица, Брегалница и Тиквеш со победи ја почнаа пролетната трка за Прва лига

Беласица, Брегалница и Тиквеш запишаа победи во првото пролетно коло од Втората лига - Исток, најавувајќи дека ќе ја водат битката за прволигашка промоција сезонава.

Беласица триумфираше со 0-2 на гостувањето против Осогово во Кочани со головите на Роберт Митев во 45. минута, и Милушев од пенал во 80. минута.

Брегалница, пак, ја доби дерби пресметката со Кит Го триумфирајќи со 1-0 со голот на Пепи Ѓоргиев во 63. минута.

Првата шанса за Брегалница ја имаше Иван Настевски, уште на самиот старт од средбата, но не успеа да ја затресе противничката мрежа. Во 20. минута и Мартин Стојанов во убава можност но резултатот непроменет. Низ главно израмнет дуел до крајот на првото полувреме Христов имаше шанса за Кит Го, а остана нереализиран и обидот со глава на Дарко Стојанов по нафрлувањето од корнер.

Во второто полувреме доминацијата на Брегалница вроди со плод во 63. минута кога Пепи Ѓоргиев погоди за водство од 1-0.

Мишов, Ристовски, Вареловски и Балдовалиев стрелаа во второто полувреме за убедлива победа на Тиквеш од 4-0 против Каменица Саса.

Кожуф имаше предност од 0-1 по првото полувреме со голот на Костадинов на гостувањето против Плачковица, но домашните израмнија во 80. минута со голот на Лазар Пеев.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК  - 15. КОЛО
Тиквеш - Каменица Саса 4-0
Плачковица - Кожуф 1-1
Брегалница - Кит Го 1-0
Осогово - Беласица 0-2
Питу Гули - Победа 2-2

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ковид-19 и натаму во македонскиот фудбал: Дури 13 фудбалери позитивни, откажани баражите за пополнување на ВМФЛ-Запад
06.07.2020
​Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ - Запад.
Види детали