ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД: Скопје го доби дербито, Пелистер убедлив со Кораб

Фудбалерите на Скопје го добија дербито од првото пролетно коло во Втората лига - Запад славејќи на домашен терен со 2-0 против Велазерими.

Стрелец на головите за скопјани беше Вилдан Керим во 70. и во 73. минута.

И Пелистер дојде до трите бода со кои ја зачува предноста на чело на табелата, славејќи со 3-0 против Кораб. Битолчани славеа со головите на Александер Борха Кордоба во 7. минута и Љавдрим Фазлиу во 31. минута, како и Благојче Главевски во 93. минута.

ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД - 15. КОЛО
Скопје - Велазерими 2-0
Кадино - Гостивар 1-1
Пелистер - Кораб 2-0
Вардар Форино - Дрита 2-0
УТРЕ (14 ч.)
Лабуништа - Охрид

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ковид-19 и натаму во македонскиот фудбал: Дури 13 фудбалери позитивни, откажани баражите за пополнување на ВМФЛ-Запад
06.07.2020
​Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ - Запад.
Види детали