Женската селекција ги почнува подготовките за квалификацискиот меч со Србија

Женската македонска А репрезентација од недела (1. март) ги стартува подготовките во пресрет на квалификацискиот натпревар на гости со Србија, кој ќе се одигра на 6. март со почеток од 18 часот во Лазаревац, Србија.

„По неколкумесечната пауза без квалификациски натпревари, нѐ очекува натпревар на гостински терен против најдобрата репрезентација на Србија. Добро го познаваме противникот, анализирани се грешките од октомврискиот дуел во Скопје и сите сме силно мотивирани да одиграме многу подобар натпревар во Лазаревац. Иако не сме комплетни - поради повреди Ели Јаковска и Маја Ангеловска нема да можат да ни помогнат, искрено се надевам дека сите други повикани фудбалерки ќе го дадат максимумот со што ќе можеже да се избориме за позитивен резултат против силниот противник“ - изјави селекторот Кирил Изов.

Изов за натпреварот со Србија ги повика следните фудбалерки:

Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија), Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора  Димоска (ЖФК Тиверија), Ивана Николова (ЖФК Тиверија), Суарта  Речи (ЖФК АСС Јунајтед), Улза  Максути (ЖФК АСС Јунајтед), Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Јана Чубриноска  (ЖФК Деспина), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Рабија Дервиши (ЖФК Каменица САСА), Павлинка Николовска (ЖФК Каменица САСА), Марјана Нацева (ЖФК Каменица САСА), Христина Јошевска (ЖФК Каменица САСА), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Елма Шемсовиќ (ЖФК Драгон 2014), Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Гентијана Рочи (Купс-Финска), Јулија Живиќ (Неа Саламаниа-Кипар), Романа Трајковска (Раперсвил Јона-Швајцарија).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали