Силекс и Шкендија во директна битка за второто место, „пандевци“ по бодови во Ѓорче Петров

По гостинската победа од 0-1 против Ренова на стартот од пролетната сезона, фудбалерите на Силекс засилено мотивирани ја очекуваат дерби пресметката од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига со Шкендија.

Кратовци ја препуштаат фаворитската улога на Шкендија, но сосема јасно посакуваат и втора победа сезонава над тетовци...

„Задоволен сум од формата на моите фудбалери, но сепак Шкендија е голем фаворит на мечот. Ја имаат подигнато формата и се гледа дека ќе дадат се од себе да го стигнат Вардар до крајот на сезоната. Силекс како тим оди чекор по чекор. Се уште прва цел ни е опстанок, но ние нема да се предадеме на ниту еден меч и секогаш ќе одиме на освојување бодови. Не сакам да бидам лажно скромен, но се уште не чека голема работа, бидејќи претходните сезони се случувало на шест-седум натпревари до крајот да имаме 11 бода предност во борбата за Европа, а на крај да останеме без неа. Сезоната е долга и има уште многу да се игра“ - вели тренерот на Силекс, Горан Симов.

Во таборот на Шкендија очекуваат тежок дуел во кој само еден потег може да го одлучи победникот.

„Добро знаеме дека Силекс игра одлично. Сигурно повторно на домашен терен ќе атакуваат и на победа. Очекуваме тежок, цврст дуел, кој можеби ќе го одлучи само некој индивидуален потег. Ние секако носиме голем мотив за максимално надигрување“ - вели стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Македонија ЃП и Академија Пандев го отвораат денешниот прволигашки ден во македонскиот фудбал со дуелот во Ѓорче Петров од 13 часот... По поразите на двете екипи на стартот од пролетната сезона, и „лавовите“ и „пандевци“, без сомнение, сега со отворена желба за атак на трите бода во битката за европски излез.

Во таборот на Македонија ЃП, како што велат, веќе е заборавен поразот од Вардар. Силна е вербата дека може да се дојде до победа против Академија Пандев, со која повторно ќе се биде во трка и за втората позиција на табелата.

Но, три бода посакуваат и во составот на Југослав Тренчовски...

„Јасно е дека ќе биде тежок натпревар. Се соочуваме со проблеми околу составот, поради повредите и суспензиите, но секако секој во тимот е подготвен за максимално издание како би се дошло до бодовите“ - вели Тренчовски.

ПМФЛ - 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: РЕНОВА - СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС - ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП - АК. ПАНДЕВ (13 ч.)
ВЧЕРА
БОРЕЦ - ВАРДАР 0-1
Standings provided by Sofascore LiveScore

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Антонио Павиќ - ново име во Шкендија
02.08.2020
Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
Види детали