Арслани го соопшти списокот на селекцијата до У-18 за двомечот со БиХ

Селекцијата на Македонија за фудбалери до 18 години предводена од Шкумбин Арслани на 18. и 20. февруари во Скопје ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната репрезентација на БиХ.

„На овој двомеч очекувам добра игра и победа на двата натпревари. Од овие натпревари па натака почнуваме со воигрување на тимот кој главно треба да го понесе товарот на квалификациите во октомври, кои ќе се играат во Чешка. Секој од репрезентативците ќе добие своја шанса која треба да ја искористи. На овој собир нема да може да сметам на повеќе играчи, дел поради повреди, дел поради клупски обврски ќе го пропуштат овој двомеч. Но се надевам дека за следните предизвици ќе бидеме комплетни при што ќе можеме да се воиграме подобро и спремни да ги дочекаме предизвиците кои не очекуваат во текот на оваа година” - вели селекторот Шкумбин Арслани. 

Селекторот Арслани за двомечот со БиХ повика 23 фудбалери:


Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Борец и Работнички ремизираа без голови
26.09.2020
Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Види детали