У17: Одлична игра и победа над БиХ

Македонските фудбалери од селекцијата до 17  години триумфираа со 1-3 на гостувањето против БиХ, на првиот од двата контролни натпревари против овој ривал што се играат во Љубушки. 

Избраниците на селекторот Канатларовски од самиот почеток наметнаа силно темпо, па уште во првото полувреме стигнаа до водство од 0-2 со головите на Чилафи, првиот на асистенција на Стојановски, а вториот по додавањето на Илјази. БиХ намали од пенал преку Диздаревиќ, но печат на заслужената победа стави Елези со убав погодок во 84. минута.

Судијата досуди уште еден пенал за БиХ во 86. минута од натпреварот, но голманот Стефан Тасев го одбрани ударот од белата точка што го изведе Јапаур.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 20 КОЛО: ДАВИД ТОШЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
25.02.2020
Работнички е во пролетна офанзива, забележа две победи во низа и го напушти последното место на табелата. Лошата есен е минато, после освојувањето на Струга падна и Шкупи на арената „Тодор Проески“, а најзаслужен за триумфот е Давид Тошевски кој ги постигна двата гола.
Види детали