Струга ТЛ го победи Пелистер за крај на зимските подготовки

Фудбалерите на Струга Трим Лум триумфираа против Пелистер со 2-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Охрид, за крај на зимските подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Стрелци на головите за стружани беа Кочоски и Јахја во второто полувреме.

Стружани денешниот натпревар го почнаа со: Ѓуриќ, Алити, Тафа, Кочоски, Касами, Таири, Цветановски, Рамадани, Кировски, Јахја. Играа уште: Симоновски, Анруши, Осман, Шеји, Делиај, Демај, Мазари, Шаќири.

Струга ТЛ во првото пролетно коло следната недела на домашен терен го пречекува Работнички.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 20 КОЛО: ДАВИД ТОШЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
25.02.2020
Работнички е во пролетна офанзива, забележа две победи во низа и го напушти последното место на табелата. Лошата есен е минато, после освојувањето на Струга падна и Шкупи на арената „Тодор Проески“, а најзаслужен за триумфот е Давид Тошевски кој ги постигна двата гола.
Види детали