Елиф Елмас - прв гол и солзи радосници против Сампдорија (видео)

Елиф Елмас цел живот ќе го памети денешниот ден, во кој го постигна својот прв погодок во дресот на Наполи, носејќи водство од 0-2 на гостувањето против Сампдорија.

Македонскиот репрезентативец го игра својот 13. натпревар во дресот на „наполитанците“ во Калчо-лигата, бројка што се покажа среќна за него откако Елмас одлично се снајде по еден корнер од десната страна и со прецизен удар го матираше домашниот голман.

Македонскиот „дијамант“ не ја криеше среќата, но и не можеше да ги сокрие солзите по деби-голот на Апенинскиот полуостров.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Бејтулаи и Ѓока: Тотенхем е гигант, но Шкендија сака чудо
23.09.2020
Шкендија треба да го даде максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за да се изненади огромниот фаворит, ќе покаже утрешниот натпревар. Тренерот Ернест Ѓока верува дека Шкендија ќе биде квалитетен противник.
Види детали