Елмас тргнува од првата минута против Сампдорија

Елиф Елмас конечно ќе добие шанса од првата минута на еден натпревар на Наполи во „Серија А“ под водство на Џенаро Гатузо, откако македонскиот ас беше именуван во стартниот тим за вечерашното гостување против Сампдорија.

Стратегот на „наполитанците“ се соочува со сериозни проблеми со составот, Фабијан Руиз не е подготвен за настап, Алан исто така не е стопроцентно „фит“, а згора на тоа се повреди и новото засилување Деме. Тоа придонесе Елмас да се појави меѓу стартните единаесетмина на дуелот во Џенова, каде Македонецот ќе има можност да се наметне со добра игра, во иднина да добива уште поголема минутажа од Гатузо.

Наполи ќе го стартуваше вечерашниот натпревар во состав: Мерет, Хисај, Манолас, Ди Лоренцо, Марио Руи, Лоботка, Елмас, Зиелински, Калјехон, Инсиње, Милик.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 20 КОЛО: ДАВИД ТОШЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
25.02.2020
Работнички е во пролетна офанзива, забележа две победи во низа и го напушти последното место на табелата. Лошата есен е минато, после освојувањето на Струга падна и Шкупи на арената „Тодор Проески“, а најзаслужен за триумфот е Давид Тошевски кој ги постигна двата гола.
Види детали