Македонија загуби, голманот на Норвешка ни пресуди..., следи бараж за квалификации за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз од 1-2 (1-1) од Норвешка во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на ЕП 2022. Овој пораз значи и дека македонската футсал селекција, како второпласирана во групата, ќе мора преку бараж да ја бара својата шанса за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП.

А, Македонија поведе на натпреварот со голот на Крстевски во 5. минута, но потоа Норвежаните запишаа два погодоци преку Педерсен во 23. минута и голманот Ракваг кој во 38. минута постигна гол за конечна победа.

На третото место во групата заврши Велс со два порази.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА КОЛОТО: ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
11.08.2020
Шкендија извлече реми на Чаир (2-2) против Шкупи иако по првиот дел имаше негатива од два гола. Во првиот првенствен меч во дресот на Шкендија, Дориев покажа дека е врвно засилување. Речиси самиот го извлече тимот од непријатната ситуација, постигна гол и забележа асистенција до Валон Ахмеди за израмнување на резултатот.
Види детали