Футсал селекцијата ги почнува претквалификациите за ЕП 2020 (19 ч.)

Македонската футсал репрезентација, денеска од 19 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со натпреварот против Велс го почнува претквалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда квалификации за ЕП 2022.

Македонија посакува победнички старт во желбата за прво место во групата во која уште е и селекцијата на Норвешка.

„Јасно е дека ја носиме фаворитската улога, и не бегаме од тоа и покрај тоа што има нарушена самодоверба меѓу репрезентативците по претходните неуспеси. Но, посакуваме победнички старт против Велс бидејќи потоа не очекува главната битка со Норвешка за првото место во групата“ - вели македонскиот селектор Васко Скендеровски.

Македонија натпреварот против Норвешка ќе го игра во сабота (1. февруари), исто така од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали