Боби Стојкоски е нов тренер на второлигашот Кораб од Дебар

Раководството на Кораб се одлучи да го ангажира 54-годишниот Стојкоски во желбата за далеку подобри резултати на тимот низ пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Запад. 

Стојкоски претходно во кариерата беше асистент на Славче Војнески во словачки Серед, како и на Александар Таневски во Македонија ЃП, а бил тренер и на младинските категории на германскиот Бовингхаузен.

Кораб претходно донесе и четири нови засилувања за тимот, Илбер Беќири од Ренова, Исмаил Абдулаху, Ерсин Фетаху и Емир Алиу.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 20 КОЛО: ДАВИД ТОШЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
25.02.2020
Работнички е во пролетна офанзива, забележа две победи во низа и го напушти последното место на табелата. Лошата есен е минато, после освојувањето на Струга падна и Шкупи на арената „Тодор Проески“, а најзаслужен за триумфот е Давид Тошевски кој ги постигна двата гола.
Види детали